Сириските бунтовници зазедоа град во близина на границата со Турција

Од:

Во денешниот судир меѓу сириските војници и бунтовниците загинаа 40 војници и 9 бунтовници во борба во која бунтовниците го зазедоа градот Хирбат ел Џоз, во провинција Идлиб, во близина на границата со Турција, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.

„Борбите во Хирбат ел Џоз завршија така што припадниците на бунтовничките бригади ја презедоа контролата на областа”, се наведува во соопштението од седиштето на организацијата во Лондон.

Судирите траеја најмалку 12 часа и во нив се убиени 40 војници и 9 бунтовници, се додава во соопштението што го објави АФП.

Претходно денеска, припадници на сириската армија во Алепо убија четворица турски државјани, кои се бореле во редовите на бунтовниците, јавија денеска локалните медиуми.

Сириските сили во Бустан ал-Каср, во западниот дел на земјата, уништија две возила со минофрлачи и седум патнички возила во кои се наоѓале бунтовници.

Меѓу нив, како што се наведува, биле четири турски државјани.

Турската војска и денес одговорила на гранатирањето на нејзината територија од правец на Сирија.

Сириска граната го погоди утрово пограничното село Гувечи во провинцијата Хатеј. Во нападот немало жртви.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град