Сириските бунтовници тргнаа во завршна битка за Алепо

Од:

Најсилни борби од почетокот на востанието во Сирија во март 2011 година. се водат на неколку фронта и го потресуваат Алепо. Бунтовниците објавија дека тргнуваат во решавачка битка.

Нападот врз армијата на Асад започна на сите фронтови. Битката за Алепо ќе биде од клучно значење, се вели во видео пораката испратена на YouTube во името на бригадата Ал Tавид. Жителите кои се јавиле од Алепо потврдиле дека борби се водат и во населби кои досега биле поштедени – Сулејманија и Сајед Али, кои се во рацете на сирискиот режим. А извор на режимот на претседателот Башар ал-Асад потврди силни борби утринава во населбите Аркуб и Мајсалун.

Откако на крајот на јули, извршија успешен пробив во Алепо, Сирија, финансиската престолнина на Сирија, бунтовниците не извршија офанзива од поголеми размери, бидејќи се слабо опремени, наспроти добро вооружените владини сили. Судири истовремено се водат и во главниот град Дамаск, каде воените сили нападнаа бунтовнички населби.

Додека во Сирија се војува, на годишното заседание на Генералното собрание на ОН САД побараа од Советот за безбедност уште еднаш да се обидат да издејствуваат договор за ставање крај на 18-месечниот конфликт, кој досега однесе 30.000 жртви. ОН и нејзиниот мировен посредник Лахдар Брахими жалат за сериозните кршења на човековите права, за што ги обвинуваат и режимот и бунтовниците. Според проценката на ОН повеќе од 700 илјади Сиријци пребегаа во соседните земји, а за нивните потреби треба да се соберат 487.9 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски