Сириските бунтовници почнаа да го напуштаат последниот кварт на Хомс, кој беше под нивна контрола

Од:

Сириските бунтовници почнаа денеска да се евакуираат од последниот кварт во Хомс, кој беше под нивна контрола, што е согласно спогодбата, што ја склучија со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

– Првиот автобус со цивили го напушти квартот Ваер, изјави директорот на Центарот Рами Абдел Рахман.

Спогодбата склучена на 1 декември, под покровителство на Обединетите нации, предвидува од квартот да се повлечат две илјади бунтовници со нивните семејства.

Според Рахман во моментов околу 750 лица, меѓу кои и цивили го напуштиле квартот.

– Тие се собрале да чекаат на улиците уште во четири часот исутринава (два часот според Гринич), додаде тој.

Според властите имплементацијата на таа спогодба може да трае околу два месеци.

Се очекува со тоа да се стави крај на престрелките и армијата да ја укине опсадата на Ваер, последниот кварт, кој го бранеа бунтовниците во Хомс, град кој тие го нарекуваа „престолнина на револуцијата“.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град