Сириските бунтовници негираат дека добивале оружје од Хрватска

Од:

Сирискиот опозициски лидер Салам Идрис денеска ги демантираше тврдењата на „Њујрок Тајмс“ дека бунтовниците во Сирија биле снабдувани со оружје од Хрватска.

– Не сме добивале оружје од Хрватска. Единственото оружје што го поседуваме е она што им го одземаме на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ел Асад, нагласи Идрис.

„Њујорк Тајмс“ објави дека Саудиска Арабија финансирала купување поголемо количество оружје од Хравтска, со кое потоа тајно биле снабдувани бунтовниците во Сирија.

Хрватска, исто така остро ги демантираше ваквите обвинувања, а хрватскиот премиер Зоран Милановиќ дури најави повлекување на војниците од Мисијата на ОН на Голанската Висорамнина, бидејќи како што реше „тврдењата на „Њујорк Тајм“ ја загрозуваат нивната бебзедност“.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик