Сириската влада ја повика опозицијата на дијалог за излез од кризата

Од:

Сирискиот министер за информации Омран аз Зуби денеска ги повика „сите опозициски сили“ да учествуваат во националниот дијалог, предложен од претседателот Башар ал Асад за надминување на кризата во земјата, соопштија француските медиуми.

Откако Асад веќе предупреди дека нема да преговара со „банди, кои добиваат наредби од странство“, агенцијата Сана прецизира дека оваа „покана за дијалог, темелена на почитување на националниот суверенитет и отфрлање на секаква форма на странска интервенција“, е адресирана до „сите опозициски сили“ кои ги прифаќаат овие принципи.

Таа фактички ја исклучува Националната коалиција на револуционерните и опозициските сили, главната група на непријателските сили на Асад, која за заложи за странска интервенција за соборување на режимот, забележаа француските медиуми.

Според министерот, претстои долга и тешка дискусија, која ќе ги зафати сите аспекти на сириската криза: „насилството, тероризмот и присуството на терористички организации, прашања поврзани со економијата, слободите и правата на човекот, како и положбата на затворениците“.

Во неделата претседателот Асад предложи план за излез од 21-месечниот конфликт, што предвидува прекин на воените операции, проследен од национален дијалог под агендата на „сегашната влада“.

Министерот подвлече дека иницијативата на Асад „не беше дадена како резултат на влијанието на какви и да било надворешни фактори“.

-Планот за надминување на кризата се појави на виделина кога за тоа созреаја внатрешните услови во самата Сирија, увери Зуби.

Тој изрази зачуденост од брзата негативна реакција на министрите за надворешни работи на ЕУ и САД на овој документ. „Тие ја кажаа својата позиција уште пред да биде готов преводот на текстот на изјавата на Асад“, изјави министерот.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град