Сириската армија воспостави контрола врз северниот дел на покраината Хама

Од:

Сириската армија од денеска целосно го контролира северниот дел на покраината Хама, првпат од 2012 година, јавија сириските државни медиуми.

– Откако го освои стратешкиот град Кан Шајкун во јужните делови на покраината Идлиб, северозападна Сирија, сириската армија успеа да воспостави целосна контрола над неколку градови во северниот дек на Хама, јави државната новинска агенција САНА.

Армијата ги освои градовите Ал Латанина и Кафр Зита, како и Лармин и Морек, како и другите градови во северниот дел на Хама.

Во меѓувреме, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека армијата воспостави целосна контрола над северните делови на Хама, територија која беше под контрола на групата Хајат Тахир ал Шам, огранок на Нурса фронтот, кој е поврзан со Ал Каеда.
Според невладината организација со седиште во Лондон, бунтовниците се повлекле од регионот па војниците без борба го освоиле регионот.

Според Опсерваторијата сириската армија опколила и турски набљудувачки пункт во градот Морек.

Северниот дел на Хама и соседната покраина Идлиб се вклучени во така наречените зони на деескалација, воспоставени со Договорот постигнат помеѓу Русија и Турција во септември минатата година. Но, Договорот не е реализиран откако Нурса фронтот одби да се повлече и во април годинава повторно се интензивираа борбите.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град