Сириска опсерваторија за човекови права: Нема докази за хемиски напад во северна Сирија

Од:

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, соопшти дека нема докази дека сириската армија извршила нов хемиски напад, и покрај обвинувањата од Вашингтон.

– Немаме докази за таков напад. Не сме документирале никаков хемиски напад во планините на Латакија, изјави Рами Абдул Рахман, раководител на Опсерваторијата.

Сојузот на џихадистите Хајат Тахир ал-Шам, предводен од поранешниот огранок на Ал Каеда, ја обвини владата на Дамаск дека во неделата извршила напад со хлор врз нивните борци во северната провинција Латакија.

Сириската армија го отфрли тоа обвинение и го нарече измислица.

Меѓутоа, Стејт департментот синоќа соопшти дека САД имаат сомнежи дека сириската влада користи хемиско оружје, вклучително и наводниот напад со хлор во северозападна Сирија.

– За жал, забележуваме дека режимот на Асад повторно го употребува хемиското оружје, вклучително и во наводниот напад со хлор во северозападниот дел на Сирија на 19 мај, изјави портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус.

Според него, САД и натаму собираат информации за наводниот напад, а во случај да се покаже дека е користено хемиско оружје, САД и нејзините сојузници, како што рече, ќе реагираат брзо и соодветно.

Абдул Рахман рече дека е невозможно да се потврди тој инцидент, бидејќи во неделата за време на наводниот напад на локацијата биле присутни само џихадисти.

– Немаше цивили таму, рече тој.

Белите шлемови, кои известија за претходните напади во бунтовничките делови на Сирија, изјавија дека немаат информации за таков напад со гас.

Би можело да ве интересира

Исламисти соборија авион на сириската Влада и го заробија пилотот

Експлозија во склад со муниција на турско-сириската граница

Чавушоглу: Договорот за зоната за безбедност во северна Сирија е добар почеток

Сириската армија зазеде територија на бунтовниците

Турција и САД формираат „центар за заеднички операции“ во Сирија

Пентагон: Преродба на ИД во Сирија