Сирија презеде нафтено поле од ИСИС

Од:

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека сириските владини сили и полицијата презеле богато нафтено поле во централниот дел од државата, кое беше под контрола на припадници на ИСИС, но не го наведе бројот на жртвите, ниту повеќе детали за борбите.

Нафтеното поле Шар кое се наоѓа источно од градот Хомс, во јули за прв пат беше заземено од борците на ИСИС, кога беа убиени околу 350 сириски војници, сојузни полицајци, гардисти и цивили.

Истиот месец владините сили повторно го презедоа полето, но по неколку недели ја изгубија контролата над него.

Судирите помеѓу сириската војска и џихадистите на ИСИС по периодот на стагнација, повторно започнаа со преземање на воените бази, меѓу кои и неколку во северната провинција Рака.

Двете страни ја продолжија борбата и кога американските авиони започнаа со бомбардирање на позициите на ИСИС во Сирија, иако САД не ги координира своите напади со сириските воени сили.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск