Сирија го обвини Брахими за пристрасност

Од:

Сирија вчера го обвини меѓународниот посредник, Лахдар Брахими за мешање во нејзините внатрешни работи, поради тоа што го критикуваше нејзиниот одговор на понудата на опозицијата и рече дека Башар ел Асад, не треба повеќе да е претседател на Сирија.

Министерството за надворешни работи, му порача на Брахими, дека доколку сака и понатаму да биде посредник, мора да покаже непристрасност и дека треба да му биде јасно дека единствено граѓаните на Сирија донесуваат одлуки за своите претставници пренесе „Ројтерс“.

Брахими во петок на затворената седница на Советот за безбедност на ОН рече дека Дамаск бил изненаден и засрамен кога опозицискиот лидер Моаз Алкатиб во јануари му понудил разговор. Неговиот одговор бил бавен и конфузен.

Сиријското министерство исто така соопшти дека алжирскиот дипломат кој е заеднички пратеник за ОН и Арапаската лига за Сирија, ќе го третираат исклучиво како пратеник на ОН бидејќи арапскиот блок го смета за учесник во измама против Асад.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град