Сирија доби два милиони вакцини против колера

Од:

Сирија доби два милиони дози вакцини против колера, што е прва испорака откако беше погодена од епидемија на оваа заразна болест во септември, соопшти Министерството за здравство во Дамаск, додавајќи дека тие се обезбедени од УНИЦЕФ и меѓународната организација Гави.

Колерата ја опустоши земјата која долго време е зафатена од војна, и поради уништеното здравство и систем за дистрибуција на вода за пиење, тешко се бори со епидемијата, пренесува Бета.

Според податоците на Министерството за здравство, од септември во Сирија од колера се заразиле 1.556 луѓе, а починале 49 лица.

И сириското Министерство за здравство и Обединетите нации сметаат дека епидемијата потекнува од фактот што луѓето пиеле нечиста вода од реката Еуфрат и ја користеле загадената вода за наводнување на посевите, што резултирало со контаминација на храната.

Властите во Дамаск информираа дека вакцинацијата ќе почне овој месец, ќе трае две недели и ќе се спроведува во областите кои се најпогодени од колера, а тоа се околините на градовите Алепо, Деир Езор, Хасака и Рака.

Би можело да ве интересира

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск