Во Сингапур деновиве престојуваат десетина високи политички и економски делегации од десетина држави од Африка кои со сингапурските партнери договараат повисок степенна соработка. Првите три меѓудржавни дпговори за соработка, што вклучуваат учество на капитал и знаење од Сингапур во нивниот развој потпишаа претставниците на Буркина Фасо, Брегот на Слоновата коска и Кенија.
Како што изјави министерот за економија на Сингапур, оваа богата држава во Африка ќе почне да учествува во развој на сите полиња, од авионската индустрија до образованието. Договорите предвидуваат обезбедување на поголема сигурност на инвестициите и повеќе поволности при вложувањата.
Сингапур се надева дека ќе стане лидер и координатор на зголемени инвестиции на се побогатите држави од југоистокот на Азија во Африка. Мото со кое инвеститорите ќе се охрабруваат да вложуваат во Африка е уверувањето дека повеќе пари во рацете на африканското население значии повеќе можности тие да купуваат индустиски прозводи од далечната Азија.