„Сименс“ ќе работи на енергетската ефикасност на Гвантанамо

Од:

Германската компанија „Сименс“ ќе работи на енергетската ефикасност на американскиот камп на Куба, Гвантанамо.

Според соопштението на Министерството за одбрана на САД, за планираните работи „Сименс“ ќе добие околу 829 милиони американски долари.

„Сименс“, како што е наведено, треба да ја зголеми енергетската ефикасност на кампот, а во рамки на тоа се системите за греење, клима уредите и осветлувањето. Ќе работи и на поставување соларни панели.

Станува збор за долгорочна работа чие завршување се очекува до април 2043 година.

Воената база Гвантанамо е позната по тоа што нејзините затвореници се осомничени за тероризам.

Владата на САД, по терористичките напади на 11 септември 2001 година, ја пренамени во затворска база, за да ги притвори терористите во неа.

Условите и начинот на кој тие беа затворени, но пред сè методите на сослушување и малтретирање во последниве години предизвикаа остра меѓународна критика.

Уште во 2002 година беа притворени 779 лица, а денес, според официјални податоци, во неа има уште 40 лица.

Базата е изградена на простор од 120 километри квадратни кои САД ги изнајми во 1903 година.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради постојаниот недостиг на гориво

Ана Ололовска

САД повторно почна да депортира Кубанци

Катерина Ѓуровски