Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради постојаниот недостиг на гориво

Од:

Кубанската комунистичка влада ја откажа традиционалната првомајска парада поради акутен недостиг на гориво.

Секоја година стотици илјади луѓе од целиот остров брзаат да го наполнат Плоштадот на Револуцијата во Хавана на Меѓународниот ден на трудот, пишува Би-Би-Си.

Но, оваа година, за прв пат по револуцијата во 1959 година, прославата беше откажана поради економски причини.

Последниве недели на бензинските пумпи се формираа долги редици со возачи кои често чекаат со денови да дојдат на ред.

На почетокот на април, претседателот Мигел Дијаз-Канел рече дека Куба добива само две третини од потребното гориво, додавајќи дека добавувачите не ги исполнуваат договорните обврски.

Иако Куба има пристап до сурова нафта со послаб квалитет, островот нема капацитети за нејзина преработка поради американските санкции.

Испораките на сурова нафта со повисок квалитет од Венецуела, најголемиот снабдувач со гориво на Куба, паднаа за 50 отсто во последните години.

Аналитичарите велат дека самата Венецуела е во сериозна неволја и дека и е се потешко да го субвенционира својот социјалистички сојузник.

Недостигот од гориво е само додаток на секојдневните проблеми со кои се соочуваат Кубанците. Според шпанскиот весник El Pais, типичната месечна плата е помеѓу 150 и 200 долари, додека литар масло за јадење чини 30 долари.

Владата инсистира дека нејзиниот државен социјалистички модел е најдобар за земјата и за проблемите ги обвинува долготрајните американски санкции.

Пред оваа година, настанот беше откажан само во 2020 и 2021 година, но поради пандемијата на коронавирус.

Наместо тоа, се очекува да се одржат локални настани на Меѓународниот ден на трудот, а луѓето да маршираат пеш.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

САД повторно почна да депортира Кубанци

Катерина Ѓуровски

Куба моли за американска помош, целата земја остана без струја

Ана Ололовска