Силниот циклон Расти се приближува кон Австралија

Од:

Австралиските власти денеска побараа да се евакуираат северозападните делови на земјата, кои се богати со суровини, поради силниот циклон кој се приближува од отвореното море.

Поројни дождови го зафатија северниот дел на Западна Австралија, а тропскиот циклон Расти премина во бура од трета категорија и се приближува кон брегот. Едно лице загинало во големите поплави во североисточниот дел на Австралија. Втор систем на низок притисок се формира во Индискиот Океан.

Главните австралиски пристаништа за извоз на руда се затворени поради приближувањето на Расти кон брегот, а властите наредија евакуација на овој слабо населен регион кој често е погоден од циклони во летните месеци.

Метеоролозите соопштија дека само „окото“ на Расти изнесува над 30 километри во ширина. Се очекува циклонот од четврта категорија да го погоди северниот дел на Порт Хедленд, околу 1.300 километри северно од Перт.

Се наведува дека утре се очекуваат силни ветрови со брзина од 195 километри на час пред пристигнувањето на Расти, како и дождови кои најверојатно ќе предизвикаат огромни поплави.

Со приближувањето на циклонот до брегот ќе дојде и до формирање на високи бранови кои ќе бидат над нормалната височина и можат да причинат штети на крајбрежните инсталации и објекти.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он