Силна експлозија во Доњецк

Од:

Силна експлозија одекна денеска во центарот на градот Доњецк во источна Украина, што е под контрола на сепаратистите, јавија западни медиуми повикувајќи се на новинската агенција Риа. Експлозијата била во близина на владина зграда.

Експлозијата се случува во момент на зголемени тензии поради можноста руските сили да се подготвуваат за инвазија врз Украина, бидејќи сепаратистите поддржани од Русија во источниот дел на земјата почнаа да евакуираат цивили.

САД ја обвинија Русија дека бара изговор за инвазија на Украина, бидејќи гранатирања се слушаа на истокот на земјата, а бунтовниците поддржани од Москва наредија цивилна евакуација од нивните отцепени енклави.

Во областите под контрола на бунтовниците Доњецк и Луганск, сепаратистичките лидери го обвинија Киев за планирање офанзива.

Министерот за надворешни работи на Украина ги отфрли наводите.

– Категорично ги неграме руските дезинформации за наводните офанзивни операции на Украина или акти на саботажа во постројки за производство на хемикалии, објави Дмитро Кулеба на Твитер.

Според него, „Украина не спроведува ниту планира такви дејствија во Донбас. Ние сме целосно посветени само на дипломатско решавање на конфликтот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје