Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на префектурата Ибараки во Јапонија.
Епицентарот на земјотресот бил на 40 километри од брегот на Јапонија. Како што се наведува, не постои опасност од цунами.
Земјотресот кој силно се почувствувал во Токио ги вознемирил спортистите во Олимпиското село. Дел од нив на социјалните мрежи сведочат дека во паника ги напуштале собите.