Силен земјотрес го погоди Тексас

Од:

Еден од најсилните земјотреси во историјата на сојузната американска држава Тексас се случи синоќа, во западниот дел од земјата, каде што се произведува нафта. Нема информации за материјална штета или повредени.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,4 степени. Тој бил со епицентар на околу 22 километри северо-северозападно од Мидленд, на длабочина од околу девет километри.

Во меѓувреме, канцеларијата на Националната метеоролошка служба во Мидленд објави на Твитер дека „тоа бил четвртиот најголем земјотрес во историјата на Тексас!“.

Набргу по земјотресот следеше послаб последователен потрес.

Земјотрес со слична јачина го погоди Западен Тексас минатиот месец. Земјотресот на 16 ноември беше со јачина од 5,3 степени и епицентар на околу 153 километри западно од Мидленд.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големиот пожар во Тексас ја зема првата жртва

(ВИДЕО) Огромен конвој камиони оди кон Тексас, Трамп се обидува да го заглави договорот за мигрантите

Катерина Ѓуровски

Тексас го предупреди Бајден: Најголемата грешка што можеш да ја направиш е да се судриш со нашата армија“

(ВИДЕО) Тексас му се закани на Бајден: Ако доведе трупи ќе одговориме со сила

(ВИДЕО) Експлозија во хотел во Тексас, има тешко повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тексас