Сијарто: Унгарија во целост ги почитува сите закони на ЕУ

Од:

Унгарија денеска ја повлече одлуката за суспензија на примената на Договорот од Даблин 3, со кој се регулира приемот на азиланти во Европската унија.

– Министерот за надворешни работи Петер Сијарто го извести австрискиот колега дека Унгарија не суспендира ниту едно правило на ЕУ, се наведува во соопштението на унгарското МНР.

Сијарто по владината седница изјави дека Унгарија во целост ги почитува сите закони на ЕУ, но оти Владата сака да се консултира со европските претставници за илегалните имигранти.

Австрискиот дневен весник „Пресе“ вчера објави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан донел одлука за суспензија на примената на Договорот од Даблин 3.

Договорот од Даблин стапи на сила на 19 јули 2013 година и предвидува дека за процесот за одлука за давање статус азил надлежна онаа држава во ЕУ на чија територија прво стапнал подносителот на молбата.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон