Сијарто предлага формирање специјални сили на ЕУ за заштита од бегалците

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска предложи формирање специјални сили на ЕУ за заштита на границите на Грција од бегалците, кои се обидуваат да влезат на територијата на Унијата, јави ТАСС.

– Треба да се формираат единствени сили на ЕУ, кои ќе можат да ги заштитат границите на Грција, изјави Сијарто во Белград, каде престојуваше денеска на разговори со неговиот српски колега Ивица Дачиќ, посветени на бегалската криза.

Според Сијарто, во таквите сили би требало да бидат вклучени претставници на сите земји-членки на ЕУ.

Тој нагалси дека ова идеја е дел од мерките што Унгарија ги предлага за решавање на бегалската криза, при што уште еднаш го отфрли предлогот на Европската комисија за прераспоредување на бегалците меѓу земјите-членки на ЕУ според утврдени квоти.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон