Сијарто: Политиката на ЕУ во 2015 година е ритуално самоубиство

Од:

Во текот на годинава стана јасно дека Европа не е во состојба да пружи вистински одговор на предизвиците со кои се соочува, бидејќи нејзината политика беше „политика на ритуално самоубиство, изјави шефот на унгарската диплоамтија Петер Сијарто.
Тој, во обраќањето пред Одборот за надворешни работи на унгарскиот Парламент, додаде дека политиката на Европа била „пријатна за око, но штетна“ бидејќи ја загрозила безбедноста и иднината на континентот.
– Европа во моментот се соочува со пет предизвици – несатбилност на исток, незабележано ниво на настабилност на југ, што предизвика огромен миграциски бран, константна закана од тероризам, недостиг на напредок во гарантирањето на енергетската безбедност и постојани економски предизвици, посочи Сијарто.
Унгарскиот министер за надворешни работи наведе и дека Европа многу изгубила на полето на глобалната економија и дека институциите на Европската унија го блокираат понатамошното проширување, иако неколку држави, меѓу кои и Унгарија, сметаат дека тоа е начин за зајакнување на европската заедница.
– Бесмислено е да се полемизира дека приливот на мигранти во Европа ја зголемува заканата од тероризам, кога европските претставници не знаат кои се мигрантите и со која цел доаѓаат во Европа, истакна Сијарто, додавајќи оти сите мигранти не се терористи, но оти миграцискиот бран им пружи на терористичките организации можност да влезат во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот