Сијарто: Ќе ги вратиме бегалците од каде што дошле

Од:

Унгарија ќе ги регистрира сите бегалци кои ќе поднесат барање за азил, а оние кои ќе бидат одбиени ќе бидат вратени од каде што дошле, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, нагласувајќи дека од 166.000 бегалци 99 отсто влегле во земјата од Србија.

Сијарто смета дека оградата која Унгарија ја подигнува на границата со Србија е „ефикасна“, бидејќи без неа „зелената граница“ би била целосно отворена. Тој истакна дека Будимпешта постапува согласно прописите на ЕУ, па затоа е апсурдно да добива критики од Брисел.

– Очекуваме да не не критикуваат поради придржувањето кон европските правила, односно да прекине кампањата на лаги против држава која постапува согласно прописите на ЕУ во една многу сериозна ситуација. Западнобалканскиот правец на мигрирање мора да го сфатиме сериозно, истакна Сијарто.

Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека Унгарија не го поддржува системот на квоти за прифаќање бегалци за кој се заложува ЕК, бидејќи смета дека политиката врз основа на обврзни квоти е осудена на пропаст.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо