Шведските демократи и годинава непожелни на Нобеловата свеченост

Од:

Лидерот на Екстремно-десничарската партија Шведски демократи, Јими Окесон, и годинава ќе остане без покана за Нобеловата свеченост по повод доделувањето на Нобеловите награди, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Ниту пак Бјорн Содер од редовите на истата партија, кој неодамна стана потпретседател на шведскиот Парламент-Риксдаг, нема да добие покана.

Потпретседателите на Парламентот во изминатите години редовно добиваа покани, но годинава Нобеловата фондација експресно донесе нова одлука за промена на таквата досегашна практика.

Шведските демократи не се партија како сите други. Партијата има заднина која задира во десничарски екстремизам, а однесувањето на нејзините претставници во актуелниов миг покажува недостиг на респект кон темелните демократски принципи околу еднаквата вредност на сите луѓе – без оглед на бојата на кожата, потеклото или религијата. Токму затоа Нобеловата фондација донесе одлука да не ги покани Шведските демократи на Нобеловата свеченост“, истакнува генералниот директор на Фондацијата, Ларс Хеикенстен, во своето соопштение до медиумите.

Во својот коментар Шведските демократи, кои по неодамнешните парламентарни избори освоија 13 проценти од избирачките гласови и станаа трета по големина парламентарна партија, укажуваат дека не е јасно зошто нивната партија не е поканета кога едновремено се поканети “дипломатски претставници на диктатури како Северна Кореја и Иран“.

Ларс Хеикенстен вели дека одлуката да не бидат поканети Шведските демократи, инаку познати по својата нетрпеливост кон азилантите и имигрантите, се потпира врз оставнината во тестаментот на Алфред Нобел. Нобел напиша децидно, во едно време во Европа кое беше означено со силни националистички тенденции, дека никакво значење не треба да се придава кон националната припадност. Наградата, според неговите зборови во тестаментот, треба да ја добијат највредните.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност