Шведскиот суд го поддржа налогот за апсење на Асанж

Од:

Апелацискиот суд во Стокхолм денеска го поддржа налогот за апсење на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж и воедно го отфрли неговото барање налогот да биде укинат, со што е продолжен шестгодишниот судски спор.

За Асанж (45) шведските власти во 2010 година издадоа налог за апсење со цел да го изршат распит во врска со обвиненијата дека извршил силување, кои тој ги негира.

Засега не се знае дали Асанж ќе се жали и на одлуката на шведскиот Врховен суд.

– Апелацискиот суд ја дели оцената со Окружниот суд дека Џулијан Асанж е осомничен за веројатниот случај на силување, соопшти денеска судот.

Асанж кон почетокот на август поднесе жалба на одлуката на Окружниот суд во Стокхолм, кој го потврди налогот за негово апсење поради наводните кривични дела за силување и сексуално вознемирување, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност