Шведскиот премиер до граѓаните на државата: Подгответе се за илјадници мртви

Од:

Шведска мора да се подготви за илјадници мртви од Ковид-19, изјави денеска премиерот на државата.

„Ќе имаме илјадници мртви. Мора да се подготвиме за тоа“, рече премиерот Стефан Лофвен во интервју за дневниот весник „Дагенс Нихер“.

Државата се соочува со криза поради бројот на луѓе кои имаат потреба од грижа и падот на економијата.

Лофвен предупреди дека пандемијата на коронавирусот ќе трае со „месеци, а не со недели“.

„Треба да ја имаме таа перспектива и да не се откажуваме од мерките.“

Проценката за жртви се заснова на искуството на другите земји и ширењето на вирусот во Шведска.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност