Шведската здравствена агенција бара одложување на олеснувањето на ограничувањата

Од:

Шведската здравствена агенција побара од Владата да го одложи за скоро еден месец планираното олеснување на некои ограничувања насочени кон забавување на ширењето на Ковид-19, бидејќи земјата се соочува со трет бран на вирусот.

Шведската агенција претходно предложи некои ограничувања да бидат укинати од 11 април, како ограничување на бројот на посетители на забавни паркови, концерти и фудбалски натпревари на само осум лица.

„Ширењето на Ковид-19 се забрзува, што резултира со зголемен товар на здравствената заштита“, нагласува здравствената агенција во соопштение.

„Шведската агенција за јавно здравје предлага датумот кога може да се отворат одредени активности да се одложи за 3 мај, под услов состојбата со инфекцијата да се подобри“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност