Шведска вети азил за бегалците од Сирија

Од:

Шведска е првата држава членка на ЕУ која што им вети азил на сириските бегалци, пренесе „Франс прес“.

–Сите сириски азиланти, кои поднесоа барање за азил во Шведска , ќе го добијат – изјави портпаролот на Агенцијата за миграција, Ани Хорнблад.

Според нејзините зборови, Агенцијата ја донела одлуката, бидејќи смета дека насилството во Сирија, нема да заврши во блиска иднина.

Таа додаде дека оваа одлука, со која што бегалците добиваат статус за постојан претстој, ќе важи се додека не биде донесено друго решение.

„Франс прес“ наведе дека оние лица кои ќе добијат постојан претстој, ќе може да ги доведат и членовите на своите семејства.

Шведскиот министер за миграција Тобијас Билстр упати апел до другите држави да му помогнат на сирискиот народ.

-Ниту еден друг конфликт на планетава денес не е толку застрашувачки, како крвавите судири во Сирија. Поради тоа повеќето политичари во и надвор од ЕУ, би требало да се замислат над нашите обврски- изјави тој.

Шведска минатата година прими околу 44.000 барања за азил, што претставува зголемување од 48 проценти и рекорд од 1992 година, од времето на конфликтот во поранешна Југославија, наведе „Франс прес“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност