Шведска се согласи да екстрадира едно лице во Турција

Од:

Шведската влада одлучи да испорача на Турција човек кого Анкара го бара поради измама.

dobivaj vesti na viber

Тоа е прв одговор на Шведска на барањето на Турција да испорача голем број луѓе во замена за дозвола од Стокхолм да аплицираат за членство во НАТО.Турција го укина ветото на кандидатурата на Финска и Шведска за членство во НАТО во јуни по неколкунеделни тензични преговори во кои Анкара ги обвини двете нордиски земји дека засолнила, како што вели Турција, војници на забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

Како дел од договорот, Турција достави список на луѓе кои сака Шведска да ги екстрадира, но подоцна изрази незадоволство поради недостигот на напредок.

Првиот познат случај на екстрадиција во Турција по потпишувањето на договорот е маж на возраст од 30 години.

Министерот за правда на Шведска, Морган Јохансон изјави дека е „турски државјанин осуден за кривични дела измама во Турција во 2013 и 2016 година“.

– Врховниот суд како и обично го разгледа предметот и заклучи дека нема пречки за екстрадиција, рече тој.

Портпаролот на Министерството за правда одби да каже дали човекот се наоѓа на списокот на луѓе кои Турција ги побара да бидат екстрадирани.

Шведските медиуми објавија дека мажот бил осуден во Турција на 14 години затвор за неколку случаи на измама со банкарски картички.

Осуденикот, кој од минатата година е во притвор во Шведска, вели дека бил осуден затоа што го прифатил христијанството, одбил воена служба и има курдски корени.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Немаме за што да разговараме со Грција

Ана Ололовска

Извештај на „Ембер“: Чистата енергија би можела да го преполови увозот на фосилни горива во Турција до 2030 година

Ана Ололовска

Радев кон Ердоган: Турција е наш многу важен партнер и сојузник

Ана Ололовска

Иконому: Турција сноси одговорност за несреќите со мигрантите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Зграда се урна во Турција по експлозија на гас, извлечени четири лица под урнатините

А1он

Турција и Либија потпишаа енергетски договор, Грција и Египет го оспоруваат

Катерина Павлова-Николовска