Шведска испраќа дополнителни 5.000 противтенковски оружја во Украина

Од:

Шведската Влада денеска соопшти дека на Украина ќе и бидат испратени дополнителни 5.000 парчиња противтенковско оружје.

Одлуката е објавена пред утрешното обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред членовите на шведскиот Парламент.

– Шведска двојно ќе го зголеми својот придонес за вооружените сили со 5.000 противтенковски оружја и опрема за деминирање, напиша на Твитер шведската министерка за надворешни работи Ен Линде, при тоа поздравувајќи ја новата „историска одлука“.

Портпаролот на шведското Министерство за одбрана потврди дека ќе бидат испратени ракетни фрлачи од класа АТ-4 односно истиот модел што веќе е испратен до украинската армија во 5.000 примероци.

Шведска ја прекина својата неутралност на крајот од Студената војна, но официјално останува надвор од воените сојузи. Земјата не е членка на НАТО, иако е партнер на Алијансата од средината на 90-тите години од минатиот век.

Шведска првпат од 1939 година ја прекина политиката со која се забранува извоз на оружје во земја во војната.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје