Шведска и Финска потврдија дека нивна е одлуката дали ќе влезат во НАТО

Од:

Шведска и Финска денеска повторно го потврдија своето право да побараат пристап во НАТО доколку сакаат и ги отфрлија новите предупредувања од Москва, која во моментов врши инвазија на Украина.

Во петокот руското Министерство за надворешни работи предупреди дека пристапувањето на Финска или Шведска во Северноатлантската алијанса „ќе има тешки воени и политички последици“, иако ниту Хелсинки ниту Стокхолм моментално не размислуваат за членство во Алијансата.

Но, од почетокот на ескалацијата на украинската криза и двете земји сакаа да добијат гаранции дека вратите на Алијансата се отворени за нив. Двете земји официјално се неврзани, иако се партнери на НАТО од средината на 1990-тите.

„Сакам да бидам јасна. Шведска и само таа самостојно одлучува во која насока ќе оди во однос на сопствената безбедност“, изјави во петокот шведската премиерка Магдалена Андерсон.

Иако не се членки, Шведска и Финска беа поканети на состанокот на НАТО во петокот.

И во Шведска и во Финска, десницата традиционално повеќе се залага за членство во НАТО, додека левицата се противи. Според анкетата објавена во петокот, поддршката за членството на Шведска пораснала најмногу во историјата и сега изнесува 41 отсто „за“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година