Швајцарските стоматолози наплаќаат „корона-такса“

Од:

Сè повеќе стоматолошки операции во Швајцарија наплатуваат специјална „корона-такса“, што наиде на остри критики од Здружението за заштита на потрошувачите.

Претходно, фризерите воведоа специјални такси, оправдувајќи ги со трошоците за дополнителна дезинфекција.

Сега, стоматолозите, исто така, се одлучија да го преземат овој чекор, наплаќајќи им на пациентите такса за дезинфекција на работното место. Во Цирих, таа такса изнесува 15,30 франци.

Надлежните власти објаснуваат дека таксата за дезинфекција на работното место не е ништо ново, туку дека од јануари 2018 година е составен дел на стоматолошката тарифа. Сепак, досега огромното мнозинство на стоматолози не ја користеја оваа опција.

Сега, според Здружението на стоматолози, поради коронавирусот, стоматолозите имаат поголеми трошоци за дезинфекција на своите ординации, а поради задолжителното проветрување, тие имаат подолги паузи помеѓу приемот на пациенти.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски