Швајцарската политика кон азилантите поуспешна од европската

Од:

Политиката кон азилантите од страна на официјален Берн е поуспешна отколку онаа на ЕУ, изјави Леа Вертхајмер, портпарол на швајцарската државна секретарка за интеграција Симонете Сомаруге.

– Нашиот удел во приемот на бегалци се намалува во споредба со ЕУ, истакна Вертхајмер, нагласувајќи дека од 2012 година во Швајцарија се намалува бројот на баратели азил, додека истовремено се зголемува во соседните Австрија и Германија.

Таа тврди дека експерти од државниот секретаријат во Берн ги анализираат причините за ова намалување. Стратегијата на третманот кон азилантите се сменила.

– За државјаните од земји кои важат за безбедни држави воведовме забрзана постапка. За само 48 часа е се решено, ја објаснува Вертхајмер новата стратегија.

Покрај тоа Швајцарија на барателите азил и во забрзаната постапка им овозможува бесплатни правни совети, преку кои бегалците се информираат коректно околу шансите за добивање азил.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски