Швајцарците му кажаа „не“ на законот за пушење на денешниот референдум

Од:

Според последните информации на швајцарската национална телевизија, на денешниот референдум 66 отсто од граѓаните се изјасниле против засилените мерки за заштита од пасивното пушење.

Неколку кантони, Фрибург, Нидвалд, Гларис, Аргови и Апанзел Роудс, му кажаа не на новиот закон, објави тв каналот РТС. Референдумот во Швајцарија, како идеја е роден 2009-тата година под името „Заштита од пасивниот дим“, но тогаш под притисок на тутунските компании, не беше спроведен.

До сега заштитата на непушачите во Швајцарија е многу неизедначена. Од 26 кантони, осум применуваат потполна заштита од пасиовно пушење, а во 11 кантони се применува законот донесен 2010-та година според кој помалите барови, кафулиња, ресторани од 80 метри квадратни мора да изберат дали ќе бидат а пушачи или не, додека поголемите задолжително мора д аимаат одвоени простории за пушење.

Во седум други кантони, меѓу кои и Цирих забрануваат локали во кои се пуши, но дозволуваат одвоени простории за пушење.

 

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски