Штрајк во Карачи поради насилствата во градот

Од:

Училиштата и компаниите во Карачи, финансискиот центар на Пакистан, денеска штрајкуваат поради неуспехот на владата да го спречи рекордно високото ниво на насилство во земјата.

Организациите за заштита на човековите права и безбедносните служби оценуваат дека од 1 јануари во градот загинале околу 300 лица, а голем дел од нив се убиени поради политички, етнички или религиозни тензии кои го зафатија градот.

Полицијата потврди дека во текот на ноќта се убиени уште шест луѓе, што значи вкупно 16 во престрелки и бомбашки напади во последните 36 часа.

Немирите се зачестени пред општите избори закажани за средината на мај. Овие избори претставуваат прва демократска промена на власта во историјата на земјата.

– Карачи гори, луѓе секојдневно се убиваат, а властите не преземаат ништо за заштита на невиното население, изјави денеска судијата на Врховниот суд Џавад Каваџа.

Денеска поголемиот дел од пазарите и продавниците се затворени, откако неколку верски групи повикаа на протести поради убиството на еден од водечките свештеници, Абдул Маџид Динпури, на 31 јануари во Карачи. Училиштата се затворени, сообраќајот е намален, а посетата на јавните институции е многу мала.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран