Австралинскиот економски весник „БРВ“ ја прогласи за најбогата жена во светот, австралијанката Џина Рајнхард, со 29,3 милијарди амерички долари, сепак деловната мрежа „Ситигруп“ тврди дека таа не е се уште најбогата, но наскоро ќе биде.
Се очекува нејзиното богатство да надмине 100 милијарди долари со што ќе го достигне врвот на најбогатите.
Откако нејзиниот татко, Ленг Хенкок во 50 – те години на минатиот век откри едно од најпознатите наоѓалишта на железо во светот, извозот на руда од Австралија беше забранет, поради ограничените количини. Сепак, по продадени десетици илјади примероци на руда, рударскиот басен во Пибари продолжи да му носи кралски примања на ова семејство.
Џина не сака да ја нарекуваат наследничка затоа што таа лично за себе мисли оти сама успеала да ја „пробие“ фирмата на татко си по неговата смрт во 1992 година.
Таа сама одлучила да биде „магнат“ и затоа предизвикувала толкаво внимание и контраверзии.
Позната е по тоа што работи 24 часа на ден, но и по тоа што сите ги тужи, почнувајќи од својот татко, мажот, маќеата, партнерот на татко си и дури три од нејзините четири деца.
Наследството таа требаше да започне да се пренесува на нејзините внуци уште во септември минатата година, кога најмалиот внук наполни 25 години, но самата таа интервенирала денот кога ќе нејзините наследници ќе започнат да ги добиваат парите, да биде во 2068 година.
Таа, наводно, им се заканила на своите деца дека ако го повторат нивното барање за порано предавање на наследството, им се заканува пропаст.
-Потпишете или ќе банкротирате уште утре. Часовникот отчукува, им вели таа, алудирајќи на својот план тие да ги добијат нејзините пари по 56 години.
Нејзините деца не се задоволни од однесувањето на својата мајка. Би-би-си оценува дека во случајот не се работи толку за пари, колку што се работи за контрола.