Што можеме да сториме за да ја сопреме следната панедмија

Од:

Може ли глобалниот здравствен систем да ја сопре еболата? Одговорот има многу повеќе врска со Семјуел Казирхаро, отколку што можете да претпоставите.

Казирхаро е 44-годишен изнемоштен војник од долгогодипни војни кој живее во кампот Буленго за раселени лица, во источна Демократска република Конго. Летово се разболел од маларија, како и многумина во капот Буленго. Грозницата и температурата ицедија повеќе од пет килограми од неговото тело, но и едномесечната заработувачка од неговиот џеб. Одговарајќи на итноста од се поголемиот број на случаи, Лекари без граници побрзаа да тестираат и третираат пациенти. Но не можеа да му обезбедат на Казирхаро мрежа за кревет за заштита од комарци која би била подобра од неговата искасапена; мрежите за кревети беа наменети за бремени жени, а доаѓање до други хуманитарни организации тука е многу бавен процес.

-Првата битка беше да се усогласат во врска со проблемот. Потоа треба да најдат и убедат некој донатор, вели Акселе Алиберт, координатор во Лекари без граници во Гома. „Сето тоа ќе одземе три месеци, а потоа кога додека се организираат, тоа можеби и нема повеќе да биде потребно“.

Недостигот од хуманитарна помош не е тајна за експертите, а со сегашната криза со еболата сите недостатоци излегуваат на површина. Девет месеци откако се појави првиот случај на ебола длабоко во шумите во Гвинеја, глобалната хуманитарна машина конечно стапи во акција со пари, ветувања и екипи.

Но проблемите на здравствениот систем досегаат подалеку од оние 6,263 лица кои се заболени од ебола. Маларијата во 2012 година уби околу 627,000 лица. Туберкулозата и колерата сотреа уште милиои други. За оние кои бараат промени во глобалното здравство и во системот за итни реакции, еболата може да биде токму потребниот катализатор.

Односно, ако можат да погледнат назад во претходните катастрофални кризи.
Тоа е големо „ако“. Но изгледа дека на виделина се појавуваат некои нови идеи. На пример, една поагресивна интервенција од меѓународните агенции, како што е Светската здравствена организација (СЗО). Со прераспоредување на ресурси и со контрола на ентитетите на терен. И на долг рок, со зајакнување на локалната здравствена архитектура, од отварање на медицински школи до нови болници.

Со рекордните 22 милијарди долари потрошени за хуманитарна помош во 2013 година, излегува дека парите не се единствениот проблем. „Не дека има недостиг од ресурси, туку ресурсите не соодветствуваат со потребите“, вели Бриана Ридсел, портпарол во Светскиот хуманитарен самит, кој треба да се одржи во 2016 година. Како и на другите собири, учесниците на овој самит обликуваат нови патишта за итена здравствена реакција, како што се омекнување на тврдата бирократија и зајакнување на локалните власти.

Едно е важно за овој прогрес: да се откачиме од одбележувањата кој колку дава. Лекари без граници добија пофалби заради нивната агилна реакција на еболата и заради вољата да работат и покрај епидемијата која ги преплаши јавните болници и другите невладини организации кои ги затворија своите врати. Организацијата е агилна затоа што има овластување да трошат пари како што тие сметаат дека е најдобро. Не само за мрежи против комарци за кревети кои Казирхаро не можеше да го добие, туку агенцијата има и помалку предрасуди кој колку придонел за разлика од другите организации, кои вообвичаено зависат од донатори кои имаат специфични приоритети. Кога кризите се појавуваат, тие се секогаш ограничени со кеш.

– Имаме свои фондови од јавноста, кои ни овозможуваат флексибилност и брз пристап, вели Сандрине Тилер, програмски советник за хуманитарни прашања во Лекари без граници и автор на неодамнешниот предупредувачки извештај за нефункционалниот систем за итна реакција, кој ни беше доставен по е-пошта. СЗО се за споредба летаргични, делумно заради буџетските кратења по финансиската криза, а делумно заради тоа што има во резерва само мал дел од нивните четири милијарди долари буџет наменет за кризи и итни реакции, или само околу 114 милиони долари.

Фондовите за итни реакции постојат за да се избегнат токму обележувањата кој колку дава и делењето на категории, и да обезбедат готов достап до куп пари за пандемии и итни случаи. Но доаѓањето до донатори да донираат за хипотетични итни случаи е тешка задача. “Тешко е да се дадат чекови без определени рокови“, вели Вики Хаусман, експерт во Далберг глобал девелопмент адвајзерс, консултантска фирма за развој. „Се се сведува на тоа како да им се објасни сето ова, на пример, на потенцијални донатори од Ајова“.

Постои Централен фонд за итни реакции (Церф), управуван од Канцеларијата за координација на хуманитарната помош при ОН, но тој е мал. Во 2013 година тие потрошиле 482 милиони долари. Од април годинава потрошиле анемични 7,58 милиони долари за еболата, но Церф не е замислен да биде целосен хуманитарен одговор, туку да биде брз.

Тесно грло: Церф не дава на локални власти, туку за агенции на ОН. Држави кои примаат средства од донатори воглавно не можат да решаваат као истите да ги потрошат. Заради тоа локалните власти и глобалниоте хуманитарци постојано се жалат.

Партнери во здравје се помеѓу малкуте истакнати НВО-а кои инвестираат во локални здравствени структури, наместо да ги прераспоредуваат преку други организации. Тие вообичаено не вршат итни реакции, но направија исклучок за еболата. Коосновачот Пол Фармер е исто така и специјален советник за ебола во Светската банка, па затоа неговата филозофија може да стигне и подалеку.

Сигруно е дека зависноста од локалните структури да ги сопрат кризите не функционира насекаде. На пример, Сиера Леоне беше во вистински хаос по завршувањето на граѓанската војна таму пред една деценија, а до 2010 година во земјата имаше само по двајца лекари на 100,000 жители. Но во Нигерија и Сенегал, каде системите за здравствена грижа се поробустни, локалните власти веднаш реагираа со подршка од меѓународната заедница. И изгледа дека успеаја да стават ред.

-Токму затоа мора да инвестираме во локални здравствени системи, вели Хаусман.Таа додава дека тука важи аргументот „научија од страдалништвото“.

 

Нешенел џеографик

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО