Што кога ќе се затвори Хашкиот суд?

Од:

Механизмот за меѓународни кривични судови, како жалбена инстанца за ад хок меѓународни кривични судења за поранешна Југославија и Руанда, почна да функционира уште кон крајот на 2012 година. Во однос на надлежностите на ICTY тој механизам ќе ги преземе второстепените постапки во случаите со Караџиќ и Младиќ, Хаџиќ и Шешељ.

Основањето на Механизмот е дел од излезната стратегија на Хашкиот меѓународен суд за воени злосторства. Хасан Б. Џалоу, обвинител на Механизмот почна турнеја по земјите на поранешна Југославија, со што всушност го отвора процесот за откажување од одговорноста на меѓународната заедница за идни истраги и обвиненија за воените злосторства извршени во време на војните на просторот на поранешна Југославија.

Големи надежи

Значи, сега е момент за почеток на сериозни расправи за придонесот на хашкиот Меѓународен суд во изградбата на општествата во земјите зафатени со војна. Либералните демократи во сите држави, кои биле жртви на агресијата на режимот на Милошевиќ, еднакво како и либералните демократи во Србија, кои по распаѓањето на диктатурата на Милошевиќ во неа настојувале да изградат демократско општество, полагале големи надежи во Хашкиот суд.

Се надеваа дека хашките процеси барем до не која мерка ќе бидат налик на тие нирнбершките, кои биле вовед во денацификација на Германија по диктатурата на Хитлер.
Меѓународната заедница беше во право кога констатираше дека предизвикувачите на војни и воените лидери, кои ги кршеа основните човекови права и во сенка на војната стекнуваа моќ и богатство, ранливите повоени општества на овие земји нема сами да имаат сила да ги изолираат и да ги казнат.

Очекувањата на демократите во Хрватска и Босна и Херцеговина беа посебно големи, бидејќи се надеваа дека хашките процеси од една страна ќе го казнат Милошевиќ како предизвикувач на војната, но и дека ефикасно и во кусо време од нивните општества ќе ги исклучат тие кои правеле злосторства во одбранбената војна и тоа кон другата страна, пред се кон цивилите на други нации, но и кон сопствените сограѓани.

Механизмот на националистите во отпорот на делувањето на Хашкиот суд беше едноставен и единствен: треба да се казнат тие другите, а нашата страна е невина, бидејќи ние сами се браневме, а во одбраната не беше можно да се направи воен злостор.
Вистината за тоа какви страшни злосторства беа направени во одбрана и во име на заштита од агресорот, до јавноста доаѓаше постепено. Истрагите, што ги почнаа истражувачите од Хашкиот суд, беа први сериозни испитувања на најтешките воени злосторства. Хашките судски мелници мелеа многу бавно, процесите пред судот траеа исклучително долго, изнесувањето на доказите за злосторствата беше заморно и јавноста тешко ги следеше. Меѓутоа, истражувачите собраа релевантни докази. Влијанието на Хашкиот суд на соочувањето на повоените општества со злосторствата беше минимално, но кога во некоја од земјите живна домашното судство и кога од Хашкиот суд на домашните судови беа отстапени собраните докази, се одвиваа судски процеси кои силно се соочија со јавноста со страшните злосторства направени во нејзино име.

Хашкиот меѓународен суд за поранешна Југославија тешко може да се дефинира како успешен, бидејќи процесите пред судот водени главно против воените команданти или локалните политичари, а тие од највисока позиција на одлучување го избегнаа процесот пред меѓународниот суд. Се судеше на Милошевиќ, но неефикасниот судски процес се заврши со смрт на господарот на војната.

Хашкиот суд го отвори прашањето на командната одговорност. Прво ја толкуваа многу екстензивно, а потоа се повлекоа. Но, важно е дека почнаа порестриктивно да ја толкуваат одговорноста на високите воени команданти.

Поттикнувач на војната

Единствен поттикнувач на војната, кој директно не командуваше со воените операции, ниту пак беше на позиција политички да командува на војската, а се најде пред судот е Воислав Шешељ.

Иако уште од 2003 година е во притвор на Хашкиот трибунал, се уште не му е изречена конечна пресуда, а со своето неразумно однесување целосно ги збуни институциите на судот.

Во медиумите не се зборува за поттикнувањето на војната од страна на Шешељ, туку само за неговите итрини со кои го исмејува судот и секоја идеја на меѓународната правда, а ги понижува и сведоците во постапката.

Наспроти тоа што некои обвинители на Хашкиот трибунал се однесуваа повеќе како политичари отколку како правници професионалци и иако со своите нагодби и политички договори под маса понекогаш го загрозуваа концептот на меѓународната правда, па и наспроти тоа што добар дел од тие договори во меѓувреме процурија од затворените кругови, најважен придонес во соочувањето со минатото на подрачјето на поранешна Југославија даде Обвинителството, но не со своето делување во судниците на хашкиот трибунал, туку со својата претходна теренска работа. Многу чувствително прашање за сите земји зафатени со војната, е она што ќе се случи со документацијата на Судот по неговото затворање. Механизмот за меѓународни кривични судови затоа е исклучително важен, а посетата на судскиот обвинител Јалоу на земјите од регионот, е почеток на нов период во изградба на општествата на БиХ, Хрватска и Србија.

Периодот по престанокот на делувањето на ICTY од гледна точка на воените злосторства, ќе биде многу чувствителен. Меѓународната заедница повеќе нема интерес да се занимава со тој проблем.

Во Хрватска секако меѓународниот интерес исчезна уште во декември 2005 година, кога на Тенерифе во бегство е уапсен Анте Готовина, а интересот за казнување на злосторниците од другите земји пред меѓународните институции се изгаси, по апсењето на Ратко Младиќ. Сепак, воените злосторства со тек на времето стануваат помалку регионален проблем. Босна и Херцеговина на пример, се возбуди поради случајот Јуришиќ или поради обидот за апсење и предавање на Србија на генералите Јован Дивјак и Ејуп Ганиќ. Хрватска пак во 2001 година ја потресе случајот Пурда.

Кон крајот на мандатот на владата на Јадранка Косор истата година во Загреб стигна белградско обвинение против високиот функционер на ХДЗ Владимир Шекс, кое како и обвиненијата против Тихомир Пурда, Ејуп Ганиќ и Илија Јурушиќ, беше креирано врз основ на квази истрага на органите ја југословенската војска, а на кои Србија сака да им суди врз основ на тоа што нејзиното судство го применува начелото на универзална надлежност за судење во случаи на воени злосторства.

При посетата на обвинителот на Меѓународниот механизам за кривични судово Хасан Б. Јалоу на Белград, министерот за надворешни работи на Србија изрази желба на таа земја, нејзините граѓани осудени пред Меѓународниот суд, казната да ја служат во Србија.

Ова очекување е навидум логично, но всушност е во спротивност со фактот дека Србија го применува начелото на универзална надлежност, да настојува државјаните на други држави осомничени и да извршиле воени злосторства во некоја друга држава, да се судат и казнат во својата земја (Вељко Мариќ, хрватски војник кој во Србија за убиство на цивили во Грубишно Поле во Хрватска е осуден на 12 години затвор, казната да ја служи во Србија).

Обвинителот Јалоу веројатно погрешил што својата регионална турнеја ја почна во Белград. Србија веќе некое време системски се обидува да стане регионална судска престолнина, а начелото на универзална надлежност токму поради тоа е дел од тамошниот правен систем. Комбинацијата на универзална надлежност и третирањето на документацијата на квази истрагата на ЈНА и квази судството, како правно релевантни документи, создава опасна запаллива маса.

Целата конструкција се темели на обратно видување на неодамнешната историја, според која ЈНА ја бранела Југославија, а дека во поранешните југословенски републики на дело биле сецесионистички процеси и делување на паравоени сили.

Обвинителот Јалоу на некој начин со давање на приоритет на Белград одеше на рака на таа интерпретација и конструкција, според која Обвинителството за воени злосторства во Белград, треба да биде своевиден наследник на Хашкото обвинителство.

Силно оружје

Хрватската политика, за разлика од политиката во Босна и Херцеговина, има силно оружје за спротивставување на регионалната амбиција на Белград, Пред Србија се пристапните преговори за ЕУ, а први ќе се отворат тие во поглавјето за судството и основните права.

Во тие преговори Хрватска на Србија треба да постави јасни услови во согласност со Заедничкото правно наследство на европските заедници (acquis communautaire), па од истрагите за воените злосторства да ги исклучи сите документи кои ги креирала агресорската ЈНА, како и да се откаже од начелото на универзална надлежност за воените злосторства, бидејќи нема ниту судски ниту демократски капацитети за остварување на тоа начело.

Бидејќи меѓународната заедница загуби секаков интерес за соочување на регионот на Западен Балкан со минатото, никој од надвор нема сериозно да се бави со тој проблем. Ако хрватската политичка класа и дипломатија не биде ефикасна во тоа, во регионот може да се воспостави нова неповолна нерамнотежа.

Ал Џезира Балкан – Сараево

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска