Штефан Филе: Проширувањето, дел од генетскиот код на ЕУ

Од:

Правната држава, економското опоравување и реформата на јавната администрација се главните столбови на политиката на проширувањето на ЕУ, пишува еврокомесарот за проширување Штефан Филе во текст кој беше објавен од „Еуроактив“ на словачки јазик.

Филе додава дека пред пет години, кога го презеде ресорот за проширувањето на ЕУ, најголем предизвик бил да се зголеми кредибилитетот на процесот и повторно да се врати поддршката на граѓаните за процесот на проширување, пренесува дописникот на МИА од Прага.

– Ние имавме потреба да се осигураме дека овој процес ќе носи опипливи резултати во однос на реформите спроведени на локално ниво, наместо да биде прифатен само како „прешкртување“ на завршени задачи, кога овој или оној правен пропис ќе е усогласен со стандардите на ЕУ, вели Филе.

Според Филе, целта не била да се воспостават нови услови, туку сигурност дека земјите кои влегуваат во Унијата, се целосно подготвени за членство, како и да се постигне вистинска промена во една земја-кандидат со целосно искористување на трансформирачкиот потенцијал на проширувањето.

– Западен Балкан и Турција пристапија кон структурни реформи врз основа на строги, но фер услови. Тие ги трансформираат нивните економии, ги зајакнуваат демократските институции, ги модернизираат своите судски системи и јавната администрација и се борат против организираниот криминал и корупцијата, пишува Филе за „Еуроактив“.

Тој најави дека од следната година на земјите од Западен Балкан ќе им бидат обезбедени подобри насоки во врска со нивните макроекономски, фискални и структурни политики, според моделот на Европскиот семестар.

Би можело да ве интересира

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он