Штајнмаер: Не ја гледам Украина на патот кон НАТО

Од:

Прашањето за членство на Украина во НАТО не е на дневен ред, изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер.

– За мене, членството на Украина во Северноатлантската Алијанса не може да биде на дневен ред. Во секој случај, не ја гледам Украина на патот кон НАТО, изјави Штајнмаер за германската ТВ станица ЗДФ.

Тој воедно се заложи за транспарентност за ова прашање и повика дека треба да се остане реален.

– Ние сме во центар на опасен конфликт. Ситуацијата во Украина е далеку од идеална, но во исто време натамошна ескалација останува како можност. Затоа е важно да и се објасни на јавноста со кои прашања не би требало да долеваме масло на огнот, потенцираше германскиот министер.

Украинскиот претседател петро Порошенко кон почетокот на неделава најави дека неговата земја би можела да одржи референдум за членство во НАТО.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје