Шпанија по изборите: Социјалистите и Подемос на сакаат коалиција со Рахој

Од:

Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) денеска соопшти дека нема да прифати да учествува во коалициска Влада со досега владејачката конзервативна Народна партија (ПП) на премиерот Маријано Рахој.

Како што јави ТАСС, ПП на Рахој освои најмногу гласови на вчерашните парламентрани избори, но не може самостојно да формира нова Влада.

– ПСОЕ нема да тежнее кон постигнување договор со ПП, изјави претставникот на социјалистите Емилијано Гарсија-Пахе, додавајќи дека, според него, партијата би требало да остане во опозиција и по овие избори.

Друг висок претставник на ПСОЕ, Сезар Луена пак изјави дека социјалистите нема да поддржат влада предводена од конзервативците.

– Шпанија гласаше за промени, додаде Луена.

Од друга страна, лидерот на левата популистичка партија Ние можеме (Подемос), Пабло Иглесијас, изјави дека „нема да дозволат ПП да формира влада“.

– Не сакаме да посоти никаков сомнеж. Подемос нема ниту активно, ниту пасивно да дозволи формирање влада на ПП, рече Иглесијас, чија партија стана трета политичка сили во Парламнетот по вчерашните избори, на кои освои над 22 отсто од гласовите.

Иглесијас најави дека Подемос наскоро ќе почне преговори со останатите опозициски партии околку можноста за постигнување договор за формирање нова влада.

ПП на вчерашните избори освои 123 претенички места или 64 помалку од досега, со што за обебзедување на парламентарано мнозинство и е потребна поддршака од уште најмалку 53 пратеници.

Од друга страна, ПСОЕ освои 90 пратеници, што е најлош нејзин резултат во историјата, но, како што наведува весникот „Политико“, социјалистите би можеле да обезбедат парламентарно мнозинство со Подемос и со поддршка од некои од помалите левичарски или регионални партии.

Подемос, која првпат учествува на избори за шпанскиот Парламент, освои 69 пратеници, а на четвртото место се пласира либералната партија Граѓани со освоени 40 пратенички места.

Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ) освои девет пратеници, каталонската сепаратистучка коалиција Демократија и слобода (ДиЛ)  – осум, Баскиската националистичка партија (ПНВ) – шест, блокот на комунистите Здружена левица (ИУ) и левчарската сепаратистичка партија Баскиско единство (ЕХБ) по два и Канарската колаиција еден пратеник.

Би можело да ве интересира

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во уривањето на зграда на Мајорка

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина