Шолц: Путин не е добро информиран за војната, неговите служби кријат многу

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази сомнеж дека претседателските советници целосно го информираат претседателот Владимир Путин за ситуацијата во Украина.

Шолц во германски политички подкаст, што ќе биде објавен в недела, нагласува дека е убеден дека „рускиот претседател не е добро информиран“ и дека „неговите служби кријат многу од него“. „На пример, колку руски војници загинале во оваа војна“, пишува Шолц.

Слична изјава даде и шефот на британската разузнавачка агенција GCHQ, кој вчера рече дека советниците на Путин се плашат да му ја кажат вистината. Слични коментари дадоа и американските власти вчера, повикувајќи се на своите разузнавачки информации.

Сепак, рече Шолц, „Кремљ треба да биде свесен за размерите на неговата погрешна проценка за Украина“.

„Путин почувствува дека е измамен од руската војска“, рече Шолц, додавајќи дека тоа предизвикало тензии меѓу лидерот на Кремљ и военото раководство.

Шолц истакна дека Русија не може да излезе како победник, без разлика како ќе заврши конфликтот. „Оваа војна не само што ја уништува Украина, туку и иднината на Русија“, рече тој, додавајќи дека без мирно решение, Русија нема да може да се врати ниту на „умерен“ економски раст.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците