Шокантни правила за вработени во катарските авиони

Од:

Според наводи на австралските медиуми „Катар ервејс“, една од светските авиокомпании кои се во подем, има старомодни правила за вработување на стјуардесите.

Во извештајот на Федерацијата на работинци во меѓународниот транспорт ИТФ, поради овие причини покрај „Катар ервејс“ на мета на критики се уште две авиокомпании од тој регион. Ова се правилата кои стјуардесите ги добиваат заедно со договорите за работа во овие авиокомпании:

-стјуардесите можат да се вработат само ако се слободни

-мора да го задржат тој статус пет години по вработувањето

-доколку сакаат да се омажат мора да бараат дозвола од авиокомпанијата

-бременоста доведува до прекршување на договорот од што произлегува отказ

Речиси 18 месеци откако овој извештај е објавен, ИТФ тврди дека авиокомпанијата не направила никаков напредок за третманот на жените и дека синдикатот барал од компаниите кои имаат договори со „Катар ервејс“ да размислат за својот однос со неа.

„Катар ервејс“ реагираше со соопштение во кое тврди дека наводите во врска со вработување не се точни.

-Стјуардесите не мора да бидат или останат сингл. Повеќето членови од нашите екипажи се во брак- вели Росен Димитров, потпретседател на авиокомпанијата задолжен за грижа на клиентите.

Компанијата додава дека жените мора да ги информираат за бременост, бидејќи според прописите за цивилно воздухопловство , тоа е поради здравствени и безбедносни причини и дека членките на екипажот кои не се во состојба да летаат добиваат друго соодветно работно место .

Акбар ал Бакер извршен директор во „Катар ервејс“ во изјава за „Ројтерс“ ја брани политиката на авиокомпанијата , наведувајќи дека условите под кои се заснова работниот однос се јасно наведени.

-Доколку барате работа во „Катар ервејс“ ви даваме документи во кои се наведени правилата, ако вие како зрела личност ги прифатите тие правила, тогаш не би требало да се жалите- вели тој.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот

Експертите предупредуваат на нова инфекција: „Грип од камила“ од Светското првенство

А1он