Шокантна снимка од бруталноста на бунтовници во Сирија

Од:

„Њујорк тајмс“ објави шокантна фотографија и видео запис за бруталноста на сириските бунтовници.

На снимката се гледа како командант на бунтовничка група, пука во главата на првиот војник, по што и останатите шест војника се убиени.

Како што се наведува „Б 92“, агенцијата до овој видео запис дошла преку еден поранешен бунтовник, кој пред неколку дена успеал да го изнесе од државата.

-Снимката дава увид на мрачната страна, како некои бунтовници, ги прифатиле истите брутални и немилосрдни методи, кои што ги користи и режимот кој што се обидуваат да го урнат, пишува американската агенција.

Според неа опозицијата во граѓанската војна која што трае повеќе од две години, создала „слаба командна структура“, која се потпира на помошта од неколкуте арапски држави, а во помала мерка и на Запад.

-Другиот дел од опозицијата отворено се приврзаници на Ал Каеда, се додава во текстот и се наведува дека на тој начин се зголемува и опасноста дека американската војска ќе ги зајакне исламските екстремисти и криминалци во Сирија.

Државниот секретар Џон Кери во своето обрањање до сенатскиот комитет рече дека меѓу 100 илјади опозиционери, околу 15 до 20 проценти се екстремисти.

Агенцијата ги наведе и зборовите на тексашкиот конгресмен Мајкл Мекола, кој рече дека на безбедносните брифинзи, дошле до сознание дека половина од бунтовниците се екстремно исламски настроени.

Американските официјални лица се загрижени поради двете групи, Нусра Фронт и Исламска држава во Ирак, за кои што се знае дека се блиски со Ал Каеда.

Тие привлекуваат странски џихад војници, користат техники на терористи и во Сирија сакаат да создадат општество кое би се потпирало само на исламското право.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град