Шокантна исповед на една водителка: Јас сум проститутка и заработувам по пет илјади долари за една ноќ!

Од:

Австралиската јавност беше шокирана кога познатата новинарка и водителка и мајка на две деца, Аманда Гоф (40) јавно призна дека со години работи како елитна проститутка во Сиднеј и оти своите услуги го наплаќа по 800 долари за час, односно пет илјади долари за една ноќ!

Аманда во интервју за емисијата „Сандеј Најт“, раскажа дека преку ден работела во медиумите, меѓу останатото пишувала за угледни списанија, како „Ин стајл“, „Превеншн“ и „Њу ајдиа“, а ноќно време како ескорт дама.

Својата тајна кариера ја почнала во еден бордел во Сиднеј, а една и пол година подоцна се осамостоила и отворила своја агенција. Гоф, која во својата втора професија е позната како Саманта Икс вели дека и било мошне напорно да жонглира меѓу двата различни животи.

Нејзиното признание го предизвика вниманието и на светската јавност, поради што таа гостуваше на националната австралиска телевизија.

Таа вели дека долго време размислувала дали воопшто да излезе во јавноста со ваков вид на признание, а посебно се плашела од тоа како сето тоа ќе влијае на нејзините две малолетни деца.

Нејзиние деца на возраст од пет и седум години одат во одделение со деца, чии родители се или геј или го промениле полот и за тоа никој не ги осудува. Токму од тие причини Аманда одлучила да признае со што се занимава и со тоа да ги разбие предрасудите за проститутките.

Четириесет годишната Аманда вели дека пред своите деца никогаш не го користела Алтер егото, Саманта Икс, како и дека разговарала со психолог а тоа, како сето тоа би можело да влијае врз нив.

На прашањето зошто ја напуштила успешната кариера на новинарка, таа како една од причините го навела токму мајчинството.

– Бев уредничка за убавина, а сметките не можете да ги платите со кармини. Всушност ми се смачи од тоа да не ги гледам децата. Сега можам да поминам повеќе време со нив и можам да им е посветам повеќе, вели таа и додава дека ја има поддршката на својата околина.

На работа оди до три пати неделно. Верувале или не во 60 отсто од слуачите, како што вели таа, не мора сексуално да ги задоволува клиентите.

– Баш долго време не сум имала секс. Претежно зборувам со нив. Јас сум нешто како гол терапевт. Тоа не е работа за секого, но е за мене. Среќна сум додека го работам и со тоа никого не загрозувам, додава таа.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

Во Србија: Мајка ја принудувала малолетната ќерка на проституција