Шојгу: Приклучувањето на Црна Гора кон НАТО е потребно за засилување на контролата на Алијансата врз Балканот

Од:

Приклучувањето на Црна Гора кон НАТО е потребно заради засилување на контролата на Алијансата врз Балканот, изјави денеска рускиот министер за одбрана, генерал Сергеј Шојгу, на отворањето на шестата Московска конференција за меѓународна безбедност, пренесе ТАСС.

Според Шојгу, НАТО и натаму проектира сила во близина на руските граници, вовлекувајќи нови држави во сферата на свое влијание.

-Последните одлуки за приемот на Црна Гора во НАТО се директна потврда за тоа. Воениот потенцијал на Црна Гора е блиску до нулата, но географската положба дозволува да се засили контролата врз Балканот, рече Шојгу.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија