Шестмината Британци уапсени во Кина ќе бидат депортирани

Од:

Шестмината Британци кои беа уапсени во северна Кина, наскоро ќе бидат депортирани, изјави за Би-Би-Си неименуван британски дипломат во Пекинг.

Британските државјани се дел од групата од 20 странци кои на 10 јули беа уапсени во кинеската област Внатрешна Монголија.

Сите уапсени се дел од една јужноафриканска хуманитарна организација која го организирала патувањето.

Според соопштението што групата го објави на Фејсбук, станува збор за група туристи, но кинеските власти тврдат дека тие биле поврзани со една забранета политичка група, која во Кина се означува како „терористичка“.

Меѓу уапсените, најголемиот број се Јужноафриканци, шестмина се државјани на Велика Британија, а еден е Индиец.

Тие се уапсени пред пет дена на аеродромот во Ордос во Внарешна Монголија, откако биле обвинети дека во хотелска соба гледале „забрането пропагандно видео“.

Според Би-Би-Си, засега, се уште нема официјално кинеско објаснување зашто Британците и сите другите се уапсени и за што ги обвнуваат властите .

Британските дипломати во Пекинг барале од кинеските власти, да им се дозволи средба со уапсените Британци, но таква средба се уште не е одржана.

Јужноафриканската хуманитарна група во меѓувреме соопшти дека уапсените странци биле посетени од претставници на кинеското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он