Шестмина сепаратисти убиени кај аеродромот во Доњецк

Од:

Лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ (ДНР) Денис Пушилин вчера изјави дека шест лица загинале додека се обидувале да ги соберат телата на своите другари, убиени неделава во борбите со украинската армија во близина на аеродромот во Доњецк.

Како што наведуваат британските медиуми, украинската армија во понеделникот ја поврати контролата врз аеродромот, убивајќи најмалку 50 сепаратисти.

И натаму противречни инфирмациите доаѓаат од Доњецк, забележува ИТАР-ТАСС.

Според властите на градот и денеска во реонот на аеродромот се слуша пукање. А киевските власти изјавија дека единциите на украинските вооружени сили одбиле два напада врз аеродромот, соопштија руските медиуми.

Во центарот на Доњецк вчера се оддржа митинг за поддршка на „Доњецката Народна Република“ на кој учествуваа 2.500 лица. Насобраните ги развеаја знамињата на самопрогласената република и на „народната одбрана“ на Донбас и скандираа „Русија!“.

Претседателот на президиумот на Врховниот совет на ДНР, Денис Пушилин, за ИТАР-ТАСС соопшти дека борбените единици на ДНР во градот фатиле украински снајперист. Според Пушилин, постојат разузнавачки податоци дека во градот дејствуваат снајперисти, меѓу кои има и жени.

Претставник на „народната одбрана“ изјави дека украинските сили повторно го гранатирале селото Семјоновска, во близина на градот Славјанск, во Доњецката област.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина