Шестмина припадници на ИД уапсени во Кувајт

Од:

Шест лица се уапсени во Кувајт, под обвинение дека формирале исламистичка ќелија, што требало да обезбедува пари и да набавува оружје за потребите на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Во соопштението на кувајтските власти се вели дека еден од уапсените, либанскиот државјанин Осама Кајат, признал оти купувал ракети и муниција за ИД.

Во јуни оваа година, 27 лица беа убиени во напад врз најстарата шиитска џамија во Кувајт. Тоа беше најкрвавиот терористички напад, во последниве неколку децении во оваа земја во Персискиот Залив, во која мнозинското население се сунитски муслимани.

Одговорност за нападот презеде исламистичка група поврзана со Исламска држава.

Минатата недела, ИД соопшти дека нејзни припадници стојат и зад терористичките напади во Париз и пред тоа во Бејрут.

Министерството за внатрешни работи на Кувајт соопшти дека исламистичката ќелија, што била откриена и разбиена, помагала и во регрутирањето на нови џихадисти.

Парите што ги обезбедувала оваа група, биле чувани на посебна сметка во банка во Турција.

Во соопштенето на Министерството се вели дека четворица од уапсените, биле странци – двајца Сиријци и двајца Либанци, кои живееле во Австралија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во Кувајт, има голем број загинати и повредени

Почина кувајтскиот емир Шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска