Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Од:

Терористичката група Исламска држава (ИД) го назначи досега непознатиот Абу Хусеин за свој водач, откако неговиот претходник Абу ал-Хасан ал-Хашеми ал-Кураиши се разнесе во октомври кога се најде под опсада од поранешни антивладини бунтовници во јужна Сирија.

– ИД го избра Абу ал-Хусеин ал-Хусеин ал-Кураиши за свој водач, изјави портпаролот на терористичката група во објавено видео, без да соопшти повеќе детали.

Во аудио снимката објавена вчера, портпаролот на ИД рече дека Кураиши бил убиен додека се „борел против непријателите на Бог“, додавајќи дека Абу Хусеин е следниот водач, без да наведе детали.

Централната команда на САД подоцна објави свое соопштение, потврдувајќи дека Абу ал-Хасан бил убиен во средината на октомври во јужната сириска провинција Дара од страна на Слободната сириска армија (ФСА), бунтовничка група која не е партнер со САД.

Но, и покрај тоа што немало американско учество во операцијата, од американските официјални лица било побарано да ја потврдат смртта на лидерот на ИД. Врз основа на доказите на местото на настанот и последователните тестови на ДНК, САД утврдија дека ФСА всушност го убила Абу ал-Хасан, изјави за Гласот на Америка официјален претставник на американската одбрана, кој побарал да не биде именуван.

Американскиот официјален претставник не кажа зошто САД досега одбивале да ја потврдат смртта на лидерот на ИД, ниту пак американските одбранбени и разузнавачки претставници објасниле како успеале да го идентификуваат преку ДНК, бидејќи Абу ал-Хасан не е неговото вистинско име, туку псевдоним.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад