Федералниот врховен совет на Обединетите Арапски Емирати го избра престолонаследникот на Емиратот Абу Даби шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан за претседател по смртта на актуелниот лидер, јави државната информативна агенција на ОАЕ – УАМ.
Мохамед бин Зајед е избран за претседател на богатата монархија во Персискиот залив, откако вчера на 73-годишна возраст почина неговиот брат Халифа бин Зајед Ал Нахјан.
Поради здравствени проблеми тој долго време не учествуваше во секојдневните работи во земјата, а управата ја презеде Мохамед бин Зајед.
Извор:МИА