Прва посета за израелски претседател на Обединетите Арапски Емирати

Од:

Израелскиот претседател Исак Херцог од денеска ќе престојува во посета на Обединетите Арапски Емирати, прва посета на израелски претседател на таа држава.

Херцог доаѓа во Емиратите на покана на принцот на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан, објави „Џерусалим пост“. Тој ќе ги посети главниот град Абу Даби и Дубаи и ќе разговара со голем број официјални лица.

„Носам порака за мир на целиот регион. Мирот носи просперитет, напредок и раст, за доброто на луѓето во регионот“, рече Херцог пред да се качи во авионот.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет ги посети Емиратите во декември, а Херцог е првиот израелски претседател кој допатува во официјална посета на ОАЕ.

Би можело да ве интересира

Десетици израелски тенкови, оклопни возила и булдожери го нападнаа југот на Појасот Газа

ВИДЕО: Ова е војна против децата обвини портпаролот на УНИЦЕФ од болница во Газа

Израел го протера шпанскиот амбасадор

(ВИДЕО) Заврши примирјето: Израел ја напаѓа Газа, убиени две деца

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Израел: Напаѓачите во Ерусалим веќе биле во затвор поради тероризам